Фото: Општина Бутел/Фејсбук

Дојава за бомба и во градинка во општина Бутел, дечињата се безбедни

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски информира дека денеска имало дојава за бомба во еден од клоновите на детската градинка “11 Октомври” поточно во централниот клон во Скопје Север.

Целосно и брзо е спроведен протоколот за евакуација и сите дечиња се на безбедно во придружба на нивните воспитувачки и негувателки. Истовремено известени се и родителите. Веднаш по пристигнатата информација разговарав со надлежните од МВР и преземени се сите безбедносни мерки – рече Костовски.

Тој апелира до граѓаните за смиреност и почитување на сите безбедности протоколи и нагласува дека Општината е во постојана комуникација со сите засегнати страни и надлежни институции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот