
Дојава за бомба го испразни хотелот Александар Палас, беше најавена конференција со учество на премиерот Ковачевски
Поради најава за поставена бомба годишната конференција на Стопанската комора на Северна Македонија во хотелот Александар Палас во Скопје, на која премиерот Димитар Ковачевски требаше да се обрати, се откажа.
Препорачано
На настанот во рамки на конференцијата требаше да се обратат и министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за финансии Фатмир Бесими.
Претходно серија дојави за наводно поставени бомби имаше во повеќе училиштата, институции и трговски центри низ државава.
Ова е прв случај за најава на поставена бомба на настани на кои предвидено е да присуствуваат политичари. Утрово дојави добија и скопскиот аеродром каде сите летови за откажани, потоа Фудбалската Федерација на Македонија, Националната Арена „Тодор Проески“, Спортскиот центар „Борис Трајковски“, како и скопските клубови Вардар и Работнички.
Вчера во пораките кои на мејл ги добија кумановските училишта имаше директна закана по животот на премиерот и неговите сопартијци:
– Нема да се криеме. Убиства се потребни. Ние ќе убиеме. Потребно е уништување. Ние ќе уништиме. Жал ни е за тоа што невини луѓе мораат да страдаат. Не постои друг начин. Ќе ја срушиме северномакедонската влада. Нашите очи се вперени на премиерот на Северна Македонија и неговата партија. Ќе ги убиеме сите, стои во електронската порака која ја објави порталот „Кумановски муабети“.
Нови дојави за поставени бомби, евакуиран скопскиот аеродром и спортски институции и клубови