Милорад Додик
Милорад Додик / Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Додик: Го почитуваме територијалниот интегритет на Украина, но РС не е подготвена да воведе санкции кон Русија

Српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик изјави дека Република Српска го почитува територијалниот интегритет на Украина, повикува на мир, но не е подготвена да воведе санкции кон Русија.

„Ние не сме подготвени Русите, каде и да се, да ги направиме цел на прогон, како што тоа го прават некои на Запад, покажувајќи го својот фашистички начин и конфискувајќи ги имотите на луѓето, прогонувајќи ги сите што се Руси, дури и децата во градинките. Јас сум против тоа и на тоа ќе останам, изјави Додик пред новинарите во Бјелина.

Тој оцени дека политичарите во Сараево сакаат да го надминат она за што тој се залага, а тоа се моментален крај на војната, воспоставување мир и преговори.

Коментирајќи ја оценката на високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ Кристијан Шмит, кој вчера изјави дека има чувство дека „Додик се губи во ставовите и дека би било подобро да не зборува неколку дена и да размислува” во врска со украинската криза, Додик рече дека Шмит е „човек чиј став не е ниту важен ниту релевантен”.

– Одамна не го следам тој лик.Тој е на ниво на ништо и неговиот став воопшто не ми е важен или релевантен.Не е он тој што одредува што е чиј став, ниту некој за кого сум подготвен да го разберам или поддржам, изјави српскиот член на Претседателството на БиХ

Тој повтори дека за него Шмит е „човек кој лажно се претставува како висок претставник во БиХ”, додавајќи дека сè што вели „останува со призвук – лажно, испрати понатаму”.

„Предложивме да заземеме неутрална позиција за украинската криза бидејќи мислиме дека тоа е добро и за муслиманите и за Хрватите. И украинскиот и рускиот народ ни се блиски и не можеме да правиме никаква диференцијација овде, барем што се однесува на нас, рече Додик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот