Сергеј Лавров и Милорад Додик
Сергеј Лавров и Милорад Додик / Фото: EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Додик: Билатералните односи меѓу Русија и Република Српска се добри

Претседателот на Република Српска Милорад Додик денес во Москва изјави дека билатералните односи меѓу Русија и Српска се многу добри и дека е многу благодарен за разбирањето на Русија за политичката ситуација во БиХ.

„Русија е гарант на Дејтонскиот мировен договор. Благодарни сме што Русија во ОН се покажува како заштитник на меѓународното право и укажува на неговото уништување. Русија, исто така, укажува на фактот дека Дејтонската структура во Босна и Херцеговина, која ја сочинуваат Срби, Бошњаци и Хрвати, мора да се одржи“, рече Додик на прес-конференција по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Тој истакна дека Лавров сфатил дека Република Српска поминала низ тежок период со поранешната американска администрација, која сакала Босна и Херцеговина да биде земја управувана според принципот еден човек, еден глас.

„Задоволство е што Русија останува во согласност со Дејтонскиот мировен договор. За жал, веднаш по потпишувањето на овој договор, започна неговото уривање“, рече претседателот на Република Српска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот