Пензионери / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Доаѓаат велигденските бонуси за хрватските пензионери

Добри вести за хрватските пензионери. Еднократна парична помош од 25 до 120 евра најавуваат градовите и општините пред Велигден. Ќе им се помогне на оние со најмали пензии. Регистарот на пензионери предупредува – не е доволно да се мисли на пензионерите само пред празниците, и секој го заслужува Велигден, пишува Дневник.хр. Парите ќе ги добијат и корисниците на финансиски бенефиции од Град Загреб – повеќе од 22 илјади од нив. Велика Горица го подготвува Велигден за околу 10 илјади граѓани. Од 40 до 120 евра. Ќе ја добијат оние кои имаат пензија до 670 евра.

Помош за велигденските празници најавија и во Риека, 70 евра, Вараждин, Мурски Средишче, Самобор, Запрешиќ, Кутина, Жупања, Вуковар, но и во повеќе општини. Од Сплит велат дека најверојатно ќе се исплати и годинава, но сè уште не е одлучено колку. Ниту во Осиек сè уште не се знае точната сума, но се најавуваат рекордни бонуси. Пензионерите од Матица велат – убаво е што се сетија, но сите пензионери треба да добијат ваква помош за Велигден, пренесува Н1 Хрватска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот