Фото: Pexels

Доаѓа нивното време: Четири хороскопски знаци ќе ја запознаат сродната душа во октомври

Октомври нема да биде обичен месец во календарот. Неговата астролошка динамика носи силни промени, особено во областа на љубовта и односите. Енергиите што ќе се испреплетуваат поттикнуваат храброст, нови врски и отворање кон луѓе кои доаѓаат во нашиот живот со причина. Овој период е обележан со можности за судбински средби, моменти кога препознаваме некого како своја сродна душа, пишува „Атма“.

Веќе на почетокот на месецот, полната месечина во Овен носи јасност и одлучност, потсетувајќи нè дека животот им припаѓа на храбрите. Неколку дена подоцна, Венера преминува во Вага и внесува хармонија, привлечност и отвореност во полето на партнерствата. Средината на месецот ја одбележува младиот Месец во Вага – време за нови почетоци и отворање на срцето.

Кон крајот на октомври, хармоничниот аспект меѓу Јупитер и Марс носи среќа, ненадејни прилики и изненадни средби кои можат да нè насочат кон луѓе од посебно значење. Четири знаци ќе бидат најмногу под влијание на овие астролошки движења.

Овен

Овновите овој месец се во центарот на случувањата. Полниот Месец во нивниот знак на 7.10. носи силна внатрешна пресвртница и дилема меѓу независноста и желбата за партнерство. Средината на месецот со влегувањето на Венера во Вага отвора едно од најважните поглавја во годината за нив – љубовната енергија директно ја активира сферaта на партнерствата.

Луѓето што сега ќе ги запознаат ќе имаат посебна улога, а постојните врски може да се трансформираат. Младата Месечина на 21.10. носи можност за нови почетоци, а Марс ќе ја продлабочи интимноста и страста. Овновите може да почувствуваат дека вистински нашле личност која ги надополнува на сите нивоа.

Близнаци

Близнаците влегуваат во октомври со нова перспектива за љубовта. Полната Месечина во Овен ја осветлува нивната куќа на пријателствата – неочекувано пријател може да се претвори во нешто повеќе. Со влегувањето на Венера во Вага, тие стануваат магнет за привлечност и шарм.

Самците ќе имаат прилика да запознаат некого преку забава или креативни активности, а оние во врска ќе почувствуваат обновена страст. Младата Месечина во Вага е идеален момент да постават јасни љубовни намери. Овој месец ги тера Близнаците да излезат од светот на површни флертови и да се впуштат во подлабоки врски.

Лав

Лавовите ќе почувствуваат дека љубовта им се отвора на нов начин. Полната Месечина во Овен носи промена и можност за средба преку патување или ново искуство. Влегувањето на Венера во Вага ја потенцира комуникацијата и новите контакти, токму преку едноставен разговор може да препознаат личност од значење.

Младата Месечина на 21.10. носи нови почетоци во љубовта, а кон крајот на месецот, со преминот на Сонцето во Скорпија, Лавовите ќе бидат подготвени да го отворат срцето и да изградат подлабоки односи. Судбинските средби ќе бидат обележани со моментално чувство на препознавање.

Стрелец

Стрелците ќе имаат месец полн со судбински моменти. Полната Месечина во Овен ќе им донесе јасност и храброст да се свртат кон личноста која навистина им го бранува срцето. Венера во Вага ќе ги отвори вратите кон дружења и групни активности – можно е токму таму да запознаат некој посебен.

Кон крајот на месецот, Сонцето во Скорпија ќе ги натера на интроспекција, но аспектот на Меркур и Уран на 29.10. може да донесе изненаден повик или средба што ќе го промени текот на настаните. Стрелците ќе бидат магнет за судбински средби, но мора да останат реални и да ја гледаат личноста онака каква што е навистина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот