Фото: МИА

ДКСК: И понатаму се присутни партиски влијанија при селекцијата на кадрите за јавната служба

Врз основа на два презентирани случаи на вработувања во јавната служба, за кои иако не најдоа основ за понатамошни постапувања, членовите на Антикорупциската комисија заклучија дека опасноста од партиските и други влијанија и понатаму е присутна при селекцијата на кадрите.

Во првиот случај, кој го изложи членот на Комисијата Владимир Георгиевски, станува збор за пријавата за вработување државен советник во Судскиот совет, според која при селекцијата на кадрите, подносителот на пријавата, како прворангиран кандидат при двете први селекции, во третата селекција бил неоправдано потиснат од кандидатот кој претходно имал најмалку освоени бодови и, како таков избран за позицијата поради што е изнесена и сомнеж дека тоа се случило зашто бил член на органи на управување на една политичка партија.

Во Агенцијата за администрација му ја одбиле жалбата, а на Комисијата и одговориле дека постапката била коректна.

– Нема основ за постапување, но сето ова наведува на помислата дека, и покрај законски утврдената постапка, постои можност за одредени влијанија врз селекцијата на кадрите – заклучија од Комисијата.

Вториот пример се однесува на еден постар случаи од Кавадарци од каде имало пријава дека блиските лица на тогашен член на општинскиот Совет биле вработувани како негувателка, сметководител, наставничка… Но, ниту во овој случај, поради, како што рекоа, несоработката на другите институции, Комисијата не можела да ја докаже злоупотребата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот