Мерцедес лого/ Фото Live Media Publishing Group / Alamy / Alamy / Profimedia

Дивиденда од 5,6 милијарди евра за акционерите на „Мерцедес“

Групацијата „Meрцедес Бенц“ планира да подели 5,6 милијарди евра на акционерите откако приходите и нето добивката значително се зголемија во четвртиот квартал од минатата година.

Кварталниот приход на „Meрцедес“ изнесува 41 милијарди евра наспроти 35,24 милијарди евра претходната година. Нето добивката во последниот квартал скокна за 63 отсто на годишно ниво на четири милијарди евра, а на ниво на цела 2022 година добивката е зголемена за 34 отсто на 14,8 милијарди евра.

Заработката пред даноци и камати во последниот квартал порасна на 5,4 милијарди евра. Компанијата предложи на акционерите да им се подели 5,2 евра по акција, што е вкупно 5,6 милијарди евра, пишува Данас рс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот