Илир Адеми, таткото на Ембла, во изјава за Слободен печат вели дека е револтиран од тоа што неговата ќерка била изолирана и неприфатена во образовниот процес / Фото: Фејсбук

Директорот на училиштето, по случајот со Ембла не планира да си даде оставка

Директорот на основното училиште во Гостивар во кое што учи 11-годишната Ембла, девојче со Даунов Синдром кое што беше сегрегирано и отфрлено наставата да ја следи во посебна просторија со образовен асистент, наместо со своите соученици, за Слободен печат вели дека не планира да си даде оставка, иако за тоа постои петиција.

Зијадин Нуредини, директор на Основното училиште Башкими во Гостивар, во изјава за Слободен печат вели дека не се чувствува одговорен затоа што ги молел родителите што ја поднеле петицијата и ја бојкотирале наставата да не го прават тоа и да почнат да се дружат со Ембла.

Тој не беше ниту свесен дека има иницијатива за негова смена од директорското место.

– Се што можев, направив, оставка не си давам. Не се чувствувам одговорен, затоа што родителите на почетокот прифатија Ембла да учи сама со асистентот, а потоа се премислија. Цело време сум правел напори да разговарам да се дружат со неа, да нема проблеми, а донесен е и образовен асистент, ни изјави Нуредини.

Хелсиншкиот комитет бара Министерството за образование и Државниот просветен инспекторат да извршат надзор во училиштето и да ги преземат сите мерки за да ја заштитат ученичката, како и да ги обезбедат сите услови за нејзина инклузија во наставата.

„Раководството на образовната установа во Гостивар со своите дејствија се приклучило кон дискриминаторите, наместо да се стави во заштита на едно дете, за чија инклузија има не само морална, туку и законска обврска“, велат од Хелсиншки.

Оттаму истануваат дека санкциите и институционалниот одговор се неопходни, но не се доволни за да се искоренат дискриминаторските практики кон лицата со попреченост.

„Токму затоа, сите споменати чинители мора да се вклучат во изнаоѓање решенија кои ќе спречат повторување на вакви случаи, преку континуирани советувања и обуки наменети за родители, наставници и ученици, бидејќи лекциите како,,Тимјаник’ очигледно се повторуваат без да се научат. Бидејќи проблемот не е и не може да биде во децата со попреченост. Проблемот е во синдромот на нечовечност кој безобѕирно се манифестира и врз најневините“, велат од Хелсиншки комитет.

Се чувствува дека Ембла е среќна што се врати на училиште, вели нејзиниот татко

УНИЦЕФ за случајот со Ембла: Осудуваме секаква повреда на детското право на инклузивно образование

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот