Директорката на Инфективна тврди: Јас и колегите не се заразивме еден од друг

Коронавирусот влезе и помеѓу медицинскиот персонал на Инфективната клиника. Директорката Милена Стевановиќ, која е меѓу заразените, во изјава за „Слободен печат“ вели дека се чувствува добро, нема симптоми и веќе во петок се враќа на работа.

Добра сум, немам симптоми и од петок се враќам на работа. Уште двајца лекари, мои колеги се позитивни на ковид-19, но важно е да се знае дека не сме епидемиолошки поврзани, односно не сме се заразиле еден од друг. По добивањето на позитивните резултати од тестирањето беа тестирани сите кои беа со нас во контакт, а го немале прележано вирусот. Нема никакви исклучоци, се почитуваат сите епидемиолошки процедури, нагласува Стеванoвиќ.

Таа потенцира дека медицинскиот персонал во клиниката строго се придржувал до мерките за работа во услови на пандемија.

-Да не ги почитувавме мерките за работа, да не носевме заштитна опрема и да почневме да се групираме ќе беше многу лошо, кој знае кад ќе бевме сега. Заразата се случи како резултат на намалена концентрација и преголем умор. За колегите не можам да кажам каде се заразиле, за себе знам дека се заразив на Клиниката, брзав и не внимавав како го соблекував заштитниот скафандер, вели Стевановиќ.

Во моментов на Инфективната клиника се хоспитализирани 87 пациенти, испишани се 4 пациенти, а примени се 9.  На кислородна поддршка се 52, а два пациенти се на неинвазивна терапија.

Ковид-19 меѓу персоналот на Инфективно: И директорката Стевановиќ меѓу позитивните

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!