Гордана Димитриеска Кочоска /фото: Слободан Ѓуриќ/Слободен печат

Димитриеска-Кочоска: Кога би погрешила, би се извинила

Времето ќе покаже кој бил во право, а кој не бил и зошто се случуваше сето ова. Оставете на времето, ве молам. За многу скоро ќе ви биде јасно на сите зошто се случуваа сите овие работи – рече министерката

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска изјави дека за неа веќе е затворено прашањето поврзано со дебатата со Славјанка Петровска од СДСМ на седницата за пратенички прашања, посочувајќи дека за многу скоро на сите ќе им биде јасно зошто се случуваа сите тие работи.

– Жалам што имаше таков дефокус во однос на тоа што јас го кажав од говорницата и како беше интерпретирано. Мислам дека неколку пати повикав на тоа луѓето да ја ислушаат целата комуникација во Собрание и самите да носат заклучоци. Во однос на извинувањето мислам дека својот став го кажав, кога би погрешила би се извинила. Воопшто немало тенденциозност ниту некаква намера – рече Димитриеска – Кочоска.

Посочи дека на седницата зборувала за трошоците на живот и врз основа на тоа не би сакала да коментира понатаму на таа тема.

-За мене како што кажав, тоа е затворено, но би замолила една работа. Граѓаните да бидат стрпливи, да почекаат малку. Времето ќе покаже кој бил во право, а кој не бил и зошто се случуваше сето ова. Оставете на времето, ве молам. За многу скоро ќе ви биде јасно на сите зошто се случуваа сите овие работи – рече министерката.

Славјанка Петровска до Комисијата за заштита од дискриминација: Гордана Димитриеска Кочоска ме дискриминираше врз основа на брачна и семејна состојба

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот