Седница на ДИК/Фото: Скриншот

ДИК за хостирање на веб-страницата ќе одвои 90 илјади денари

Денешната 116-та седница на Државната изборна комисија (ДИК) експресно заврши со едногласно усвојување на Одлуката за дополнување на годишниот план за вкупните потреби за јавни набавки на Државната изборна комисија по програма 20, со набавка на услуги за хостирање на веб-страницата на ДИК, за која претседателот Борис Кондарко нагласи дека е редовна набавка во отворена постапка.

-Со оглед на фактот дека на 15 дена пред истекот на буџетската 2024 година, како ДИК вршиме измена на годишниот план за вкупните потреби за јавни набавки за 2024 година, да појасниме за јавноста дека станува збор за нова јавна набавка, набавка на услуги за Хостирање на веб-страницата на ДИК и нејзиното спроведување е неопходно за делот на редовоното работење на ДИК. Значи е предвидена набавка на услуги за Хостирање на веб-страницата на ДИК и истата е со проценета вредност од 90 илјади денари, рече Ангелчо Ристов, член на ДИК.

На седницата на која едногласно беше усвоена измената на годишниот план, оправдано не присустуваат двајца членови на комисија, а претседателот Кондарко најави дека ДИК пред крајот на годината ќе одржи уште една седница за останатите точки од дневниот ред кои се планираат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот