Избирачки списоци / Фото: МИА

ДИК досега прифати 303 листи – по една жена на девет мажи меѓу кандидатите за градоначалници

Досега 303 кандидатски листи за градоначалници и 558 листи за советите во општините се потврдени од страна на Државната изборна комисија (ДИК). Од потврдените кандидатури, 32 се на жени и дури 271 е на кандидати-мажи.

Оттаму информираа дека за општините Куманово, Аеродром, Карпош и за Град Скопје, и натаму има листи кои се во фаза на отстранување на неправилности, поточно осум листи за градоначалник и 20 листи за членови на советите на општините.

Отфрлени се пет листи за градоначалници и тоа по една листа за Бутел, Центар, Куманово, Аеродром и Град Скопје.

Ждрепката за утврдување на редоследот на листата на кандидати ќе се одржи во четврток, на 25 септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот