Ди Мајо во Приштина: Идеите за промена на границите на Балканот се политички авантуризам

Министерот за надворешни работи и меѓународна соработка на Република Италија, Луиџи Ди Мајо, кој денеска престојува во официјална посета на Косово, ги отфрли како неприфатливи „повиците за редизајнирање на границите” на Балканот и предупреди на опасноста од „повторно раѓање на нациионалистичките притисоци” во регионот, јави дописникот на МИА од Приштина.

Осврнувајќи се на нон-пејперите со предлози за наводно „конечно решавање на проблемите во Западен Балкан”, Ди Мајо пред пратениците во косовското Собрание порача дека таквиот „политички авантуризам” ќе се елиминира само „со конкретна европска перспектива” на регионот.

– Гледаме со загриженост на повторното раѓање на националистичките притисоци и окултните повици за редизајнирање на границите и ставање под знак прашање на територијалниот интегритет на одредени земји. Ние ги отфрламе тие провокации со апсолутна решителност, но во исто време теба да бидеме свесни дека единствено една конкретна европска перспектива може да го елиминира повторното појвување на национлизмот, како и своевидниот политички авантуризам, кој би го вратил Балканот 30 години во минатото. Предизвикот на кој треб да одговори ЕУ е враќањето на довербата, порача Ди Мајо.

Шефот на италијанската дипломатија побара од косовските власти да се заложат за унапредувње на Дијалогот со Србија, со цел што поскоро да се постигне договор за решавање на споровите меѓу двете држави.

Во врска со визната либерализација за косовските граѓани, Ди Мајо рече дека „ЕУ понекогаш е кратковида, како во случајот со Косово” и нагласи дека „Италија ќе продолжи да се бори за тоа напредокот на сите земји да се вреднува како прогрес кон Европа”.

За време на неговиот престој во Приштина, каде што допатува по официјалната посета на Белград, Ди Мајо се сретна со косовскиот премиер Албин Курти, со собранискиот спикер Глаук Коњуфца и со шефицат на дипломатијата Доника Грвала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот