
Џорџо Армани: Доста е со расипништво! Не сакам повеќе да работам вака, неморално е!
Доста е со модата како игра за комуникација, доста со модни ревии низ целиот свет за да се претстават бледи идеи. Доста е со грандиозни шоуа кои денес се откриваат тоа што навистина се: несоодветни, а мислам, дури и вулгарни, пишува славниот моден дизајнер Џорџо Армани во писмото адресирано до модниот свет.
Неодамна напишаното писмо на италијанскиот моден дизајнер од светски глас, Џорџо Армани (86), има вредност на мапа која укажува на тоа како модниот свет треба одново да започне кога ќе се надмине корона-кризата.
Препорачано
„Падот на модниот систем, каков што го знаеме, започна кога луксузниот сектор ги усвои оперативните методи на брза мода со циклусите кои вклучуваат континуирана испорака, со надеж дека ќе се продаде што повеќе. Не сакам повеќе вака да работам, неморално е“, – така започнува писмото напишано од Џорџо Армани, испратено на списанието „WWD Women’s Wear Daily”, некогашната „библија на модата“.

„Нема никаква смисла некои од моите јакни или костуми да стојат во продавница три недели, веднаш да станат застарени и да бидат заменети со нови, кои не се многу различни од оние што им претходеа. Не работам веќе така, повторувам, сметам дека е неморално да го правам тоа“, – пишува Армани.
„Отсекогаш верував во идејата за безвременска елеганција, во создавање облека што сугерира уникатен начин за нејзино купување: облека која долго ќе трае и која нема да ја загуби својата важност во иднина. Од истата причина сметам дека е апсурдно што во текот на средината на зимата, во излозите на бутиците да изложуваме ленени фустани, а за време на летото – палта, од едноставна причина што желбата за купување мора веднаш да се задоволи. Кој купува облека за потоа да ја чува во плакар и да чека да пристигне соодветното годишно време за да ја облече? Никој, или навистина мал број на луѓе, барем јас така мислам, но овој систем кој ни го наметнаа стана доминантен менталитет“ – продолжува дизајнерот анализирајќи ја моменталната состојба.
„Доста е со спектакли, доста е со отпадот. Веќе три недели работам со моите тимови така што, по завршувањето, летните колекции ќе останат во бутиците барем до почетокот на септември, како што е природно. И така ќе правиме отсега па натаму. Оваа криза е прекрасна можност да забавиме, да ја исцртаме иднината која ќе биде човечка и автентична.
Доста беа шпекулации, доста со расипништво. Оваа криза е исто така прекрасна можност да се врати вредноста на автентичноста: доста е со модата како игра за комуникација, доста со модни ревии низ целиот свет за да се претстават бледи идеи.
Доста е со забавите, со грандиозните шоуа кои денес се откриваат тоа што навистина се: несоодветни, а мислам, дури и вулгарни.
Доста е од паради низ целиот свет, реализирани преку патувања што загадуваат.
Доста е со трошењето пари за настапите, тие се само четкички на лак за нокти, глазура ставени врз ништо. Моментот низ кој минуваме е турбулентен, но ни нуди единствена можност да го поправиме сè она што не е во ред, да го отстраниме излишното, да најдеме похумана димензија. Ова е можеби најважната лекција од оваа криза “, заклучува модниот гигант Џорџо Армани.