
Девојката осомничена за убиството на Денис Тот постојано се смеела по апсењето, пишува „Јутарњи лист“
Девојката осомничена дека заедно со двајца соучесници, до смрт го претепа хрватскиот ракометар Денис Тот, по апсењето се однесувала на начин што ги запрепастил полицајците, пишува хрватски „Јутарњи лист“, повикувајќи се на извор запознаен со истрагата.
Препорачано
19-годишната Клементина Левковска, која на снимката што се појави во јавноста по убиството се гледа како го удира Тот додека тој лежи на земја, според изворот, постојано се смеела и не покажувала знаци на каење поради злосторството.
– Таа само се смееше, како да сме ја уапсиле за кражба на литар мастика во продавница, а не за насилна смрт, раскажал извор запознаен со истрагата за убиството на играчот на скопскиот РК Бутел.
„Јутарњи лист“ пишува дека „Привилиџ“ во Скопје е позната како фолк дискотека во кој одат млади. Анонимниот извор за порталот вели дека не е можно во тоа време, освен учесници и сведоци на влезот, никој да не поминувал од паркингот до влезот во дискотеката и шеталиштето покрај Вардар и ништо да не видел.
„Сакале сѐ да скријат, но ги зае*aa камерите“, вели изворот за „Јутарњи лист“.
За убиството на Тот, покрај Левковска, во притвор се и првоосомничениот, Анџело Ѓорѓиевски, кој вчера ѝ се предаде на полицијата по неколку дена бегство, како и Андреј Костовски.
Дали осомничените за убиството на Денис Тот биле тестирани за присуство на дрога?