Полиција Бразил / Фото: EPA-EFE/Jarbas Vasconcelos

Девојка пронајдена мртва во автобус во Бразил со 26 Ајфони залепени на телото

Бразилската полиција истражува бизарен случај на смрт на 20-годишна девојка, чие тело било пронајдено со 26 Ајфон уреди залепени директно на кожата, пишува Мирор.

Инцидентот се случил во автобус во градот Гуарапуава, државата Парана, каде девојката се онесвестила и починала по неуспешна реанимација. Според информациите, таа патувала сама од Фос до Игуасу кон Сао Паоло.

Според воената полиција, жената била пронајдена свесна, но имала сериозни проблеми со дишењето. Лекарите од службата за итни случаи се обиделе да ѝ помогнат, но набрзо дошло до срцев застој. Реанимацијата траела околу 45 минути, но без успех – жената починала на лице место.

При интервенцијата било откриено дека носела голем број сокриени телефони. Во нејзиниот багаж биле најдени и шишиња со алкохол. Обдукцијата ќе треба да ја утврди точната причина за смртта, а случајот е предаден на царинските и истражните органи.

Бразил се соочува со растечка појава на шверц на електроника, особено поради високите цени на уредите како Ајфон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот