Фото: Драган Митрески / Слободен печат

Девојка прегазила пензионер со „Тојота“ во Кисела Вода

Вчераутро, 25-годишна скопјанка прегазила со автомобил пешак на возраст од 76 години во скопската населба Кисела Вода, соопшти МВР.

„На 01.09.2025 во 07:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„134“ и ул.„Христо Татарчев“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишната Б.Д. и велосипед, управуван од К.А.(76), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје“, пишува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!