Фото: Jelena Vujic / Alamy / Alamy / Profimedia

Девојка од Чаир пријавена за исчезната, по цела недела пратила порака дека е во Србија

26-годишна жителка на Скопје, чие семејство пред една недела ја пријавило за исчезната, вчера испратила порака со која објаснува дека не исчезнала и дека е во Нови Сад, соопшти МВР.

„На 26.02.2025 во 15:00 часот во Полициската станица Чаир било пријавено дека Ј.И.(26) од Скопје, за која на 19.02.2025 беше пријавено дека се оддалечила од домот, пратила порака на семејството дека не е исчезната и дека се наоѓа во Нови Сад, Република Србија“, пишува во полициското соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот