Дете од прилепско и штипјанка каснати од кучиња скитници

Две лица пријавиле дека биле каснати од кучиња скитници вчера на територија на цела држава.

Дваесет и четиригодишна мајка пријавила дека нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник во прилепската чаршија.

„На 01.11.2023 во ОВР Прилеп, С.В.(24) од с. Воѓани, прилепско, пријавила дека во Стара чаршија во Прилеп нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник“.

Куче скитник каснал и пеесет и двегодишна жена во Штип.

„На 01.11.2023 во Полициската станица Штип, Ј.Ј.(52) од Штип пријавила дека на ул.„Џемал Бједиќ“ во Штип бил касната од куче скитник“, информираат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот