Детали: Волонтерот кој умре на тестирањето на Оксфорд вакцината, примил друга вакцина

Бразилските здравствени служби објавија дека починал волонтер кој учествувал во програмата за развој на вакцината против кроронаворисот на британско-шведската компанија АстраЗенека и Универзитетот во Оксфорд, и дека програмата ќе продолжи, бидејќи тој бил дел од контролната група што ја примиле вакцината против менингитис.

– Испитувањата на вакцината против ковид-19 од страна на АстраЗенека и Универзитетот во Оксфорд во Бразил ќе беа прекинати доколку волонтерот, кој почина, бил дел од активната група – изјави извор запознаен со ситуацијата.

Овој коментар сугерира дека волонтерот бил дел од компаративна контролна група, на која и била дадена вакцина против менингитис, наведува Ројтерс.

Бразилскиот здравствен регулатор Анвис објави дека развојот на вакцината против коронавирусот ќе продолжи и покрај смртта на волонтерот, објави Ројтерс.

На учесниците и истражителите не им било кажано во која група припаѓаат.

Сојузната влада во Сао Паоло ја потврди смртта на волонтерот во посебна изјава, во која се наведува дека станува збор за бразилски државјанин.

Умре волонтер кој учествувал во тестирањето на Оксфорд вакцината против ковид-19

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!