Дестани: Вечерва да не дозволиме никаков говор на омраза

Екипата на Шкендија вечерва против Карабах го игра натпреварот од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите, а противник на натпреварот во Скопје ќе биде екипата на Карабах.

Пред натпреварот порака преку социјалните мрежи испрати претседателот на тетовскиот клуб, Лазим Дестани.

„Со најголема емоција за досегашните успеси, нашиот сон продолжува. Со голема посветеност и фокус, нашиот клуб чекори напред кон нови цели и кон успесите кои ги заслужуваме. Нашата цел е успехот и патот кон Лигата на шампионите.

Денес сите ќе бидеме на трибините, пеејќи ги нашите песни на победата и давајќи им поддршка на нашите играчи и стручен штаб, затоа што тие го заслужуваат тоа. Како навивач на Шкендија, ве повикувам денес да ја покажеме нашата спортска култура и да нè подлегнуваме на провокации.

Да не дозволиме говор на омраза во ниту една форма, затоа што тоа не нè претставува и не е дел од нашата култура. Ние, публиката и навивачите на Шкендија, како 12-ти играч, сме пример покажувајќи го нашиот висок стандард и достоинствено претставувајќи ја нашата љубов кон клубот. Ајде кон победата! Шкендија над сè!“, истакна првиот човек на македонскиот шампион.

Натпреварот помеѓу Шкендија и Карабах се игра во терминот од 20:00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот