
Десетици илјади демонстранти на улиците во Турција ѝ дадоа поддршка на опозицијата
Најмалку 50.000 луѓе учествуваа денеска во Анкара на демонстрациите на главната опозициска партија во Турција, РХП, пред евентуалното судско разрешување на раководството на партијата, соопштија организаторите.
Препорачано
Тие носеа маички со ликот на основачот на Турската Република, Мустафа Кемал Ататурк и мавтаа со турски знамиња, пренесува Н1.
Заменик-претседателот на Републиканската народна партија (ЦХП), Мурат Бакан, рече дека на демонстрациите имало 50.000 учесници.
Партискиот лидер Озгур Озел рече дека митингот е против „пуч“ што се подготвува за ЦХП.
„Оваа влада не сака демократија. Таа знае дека не може да победи на избори ако има демократија. Не сака правда затоа што знае дека ако правдата се задоволи, нема да може да ги прикрие своите злосторства“, рече Озел.
Судското рочиште утре во Анкара има за цел да ги поништи резултатите од конгресот на ЦХП во ноември 2023 година поради наводна изборна измама. Озел беше избран за лидер на партијата во тоа време.
Критичарите велат дека судскиот случај е наменет да ја ослаби ЦХП, најстарата политичка партија во Турција, која ја победи Партијата на правдата и развојот на претседателот Реџеп Таип Ердоган со убедлива победа на локалните избори во 2024 година и добива на предност во анкетите на јавното мислење.