Спомен плоча на загинатите припадници на МВР во Диво Насеље/Фото: МВР

Десет години од Диво Насеље

Денеска се навршува деценија од оружената престрелка во кумановско „Диво Насеље“. На 9 и 10 мај 2015 загинаа осум припадници на безбедносните сили. Во 28-часовните престрелки, животот го загубија припадниците на безбедносните сили – Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ, кои посмртно се одликувани со медали за храброст. Во престрелката имаше и 37 повредени припадници на безбедносните сили.

Во чест на загинатите во кругот на СВР Куманово беше откриена спомен-плоча. Полициските службеници кои го положија животот во антитерористичката акција во „Диво Насеље“ во Куманово на 9 и 10 мај 2015 година, добија и мурал „Хероите живеат вечно“ во централното подрачје на Куманово.

Куманово два дена живееше во страв кога во густо населената населба „Тоде Мендол“ популарна во градот како „Диво Насеље“ се слушаа престрелки со различен интензитет. Населбата целосно беше изолирана од припадниците на безбедносните сили, жителите се евакуираа, хеликоптери надлетуваа. Граѓаните на Куманово, порачуваат никогаш да не се повтори „Диво Насеље“, а исклучително трагичниот настан засекогаш ќе остане во сеќавање на кумановци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот