Дератизација/ Фото: Општина Гази Баба

Дератизација во Гази Баба, ќе бидат опфатени над 4000 шахти

Во општина Гази Баба започна да се спроведува дератизација, со која ќе бидат опфатени повеќе од 4000 шахти на нејзината територија, а особено оние околу објектите на сите градинки и основни училишта.

Оттаму информираат дека дератизацијата ја извршува сертифицирана компанија, а се спроведува со цел да се  овозможат подобри санитарни услови за децата и воспитно образовниот кадар во секој објект.

Преку дератизацијата, која е процес релевантен ќе спречиме појавата на глодари да се зголемува, во и околу сите објекти и институции на нашата територија. Ние како општина сме во постојана комуникација и координација со нашите служби и во согласност со програмата која ја имаме за заштита и спасување за 2025 година на Општина Гази Баба ќе придонесеме за подобри санитарни услови на целата наша територија. Акцијата е започната од вчера и ќе се одвива во следниве неколку недели, велат од Гази Баба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот