Прага, Чешка/Фото: EPA-EFE/Balazs Mohai HUNGARY OUT

Денови на ,,Кадифената револуција“ во Скопје

Во рамките на почнатите „Чешки денови“, на 34-годишнината од познатата „Кадифена револуција“ во некогашна Чехословачка, деновиве, во организација на Амбасадата на Република Чешка во Скопје ќе бидат оддржани неколку настани поврзани со неа.

Главната манифестација со која ќе се одбележи овој историски период за Р.Чешка е панел дискусијата по повод „Кадифена револуција“ која ќе се одржи во среда на 15 ноември 2023 година во просториите на „Europe House“ со почеток од 10:00 часот.

Настанот е организиран од страна на Чешката амбасада во Скопје и тема на дебатата ќе биде клучната улога на студентите во „Кадифената револуција“ и патот на Чешката Република кон нејзиното членство во Европската унија и НАТО.

На панелот ќе учествуваат истакнати говорници – дипломати, студенти, професори и новинари, кои ќе дадат единствени сознанија за историското значење на „Кадифената револуција“ и нејзиното трајно влијание врз демократијата и слободата во Чешка.

Амбасадорот на Р.Чешка во земјава Н.Е. Јарослав Лудва, по повод годишнината од „Кадифената револуција“ го изрази својот ентузијазам за овој настан.

„Кадифената револуција претставува значајно поглавје во нашата историја и ја симболизира силата на грасрут движењата во застапувањето за демократија и слобода. Возбудени сме што го одбележуваме овој клучен момент и ја споделуваме приказната за патувањето на Чешката Република кон интеграција во евроатлантските структури. како одраз на нашата посветеност кон вредностите споделени на двете страни од Атлантикот и регионалната стабилност. „Кадифената револуција беше значајно поглавје во чешката историја и чест ни е да ги споделиме нашите искуства и размислувања со публиката, која ќе вклучува студенти од неколку универзитети – истакна амбасадорот Лудва.

Од амбасадата на Р.Чешка во Скопје информираат дека престојната панел дискусијата ветува дека ќе има просветителско истражување за значењето на Кадифената револуција, улогата на студентите во поттикнувањето на промените и патот на Чешката Република кон интеграција во ЕУ и НАТО.

Ова ќе биде можност за присутните да се вклучат во дебатата со поканетите експерти да зборуваат на темата и да добијат подлабоко разбирање на историскиот и политичкиот контекст на овој трансформативен настан за Р.Чешка, информираат од чешката амбасада во Скопје.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот