Дениз Ричардс / Фото: Xavier Collin / Avalon / Profimedia

Дениз Ричардс упаднала во куќата на поранешниот сопруг и покрај забраната за пристап: Интервенирала полицијата

Актерката и поранешна ѕвезда на серијата „Вистински домаќинки од Беверли Хилс“, Дениз Ричардс, била видена како разговара со полицијата откако неочекувано упаднала во куќата на нејзиниот поранешен сопруг Арон Фиперс и покрај тоа што имаше забрана за пристап, пишува „Пејџ сикс“.

Според извештаите, Дениз провалила во куќата во Калабасас, Калифорнија, каде што Арон моментално живее со своите родители и брат, во недела попладне за да го земе своето куче.
Извор запознаен со инцидентот изјавил за „ТМЗ“ дека Ричардс тропала на задната врата пред родителите на Фиперс да ја пуштат внатре. Потоа таа наводно почнала да им вика да ја напуштат куќата.

Исто така, се тврди дека 54-годишната Ричардс покажала со прстот кон родителите на нејзиниот поранешен сопруг и се обидела да го удри неговиот брат, а наводно фрлала и писма од поштата кон нејзиниот зет.

По интервенцијата, полицијата констатирала дека не е сторено кривично дело и не презела никакви мерки.

Адвокатот на Дениз Ричардс, Брет Бреман , негираше какво било кривично дело од страна на актерката и рече дека Ричардс не ја прекршила забраната бидејќи таа му потврдила на својот иден поранешен сопруг дека тој не е дома пред да пристигне во домот. „Госпоѓа Ричардс влезе во домот за да го земе своето куче откако дозна дека г-дин Фиперс евтаназирал едно од нејзините кучиња без нејзино знаење или дозвола“, изјави адвокатот за „Пипл“.

„Госпоѓа Ричардс влезе во домот за да ги земе своите кучиња откако дозна дека г-дин Фиперс успеал да отстрани едно од нејзините кучиња без нејзино знаење и дозвола“, рече Берман.

ВИДЕО+ФОТО | Ќерката на Денис Ричардс и Чарли Шин со вознемирувачко обвинение: Животот во куќата на мајка ѝ бил пекол

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот