Анкетна комисија за сучувањата во Онкологија / Фото: ,,Слободен печат''- Драган Митрески

Денеска седници на пет собраниски комисии

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, за земјоделство, шумарство и водостопанство, Законодавно правната комисија и комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците и за финансирање и буџет.

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за медиуми, во прво читање, заедно со Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Македонска академска истражувачка мрежа, по скратена постапка во второ читање, се на дневниот ред на седницата на Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање.

Пратениците – членови во Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно правната комисија меѓу другото на денешните седници како точки за расправа ги имаат Предлог – законот за изменување на Законот за Царинската управа и Предлог – законот за изменување на Законот за матичен број, по скратена постапка – второ читање.

Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на седницата, како што е најавено, ќе расправа по предлог – законите за изменување и дополнување на Законот за шумите, на Законот за земјоделското земјиште, на Законот за земјоделство и рурален развој и на Законот за фитофармација, по скратена постапка – второ читање.

За истите овие предлог-закони, како и за Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Македонска академска истражувачка мрежа, по скратена постапка – второ читање денеска на седница ќе дискутираат и пратениците во Законодавно – правната комисија.

На дневниот ред на Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците единствена точка е Предлог на закон за изменување на Законот за матичен број, по скратена постапка – второ читање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!