81 година од холокаустот на Евреите во Македонија/Фото: Слободен Печат/Слободан Ѓуриќ

Денеска се одбележуваат осумдесет и две години од холокаустот на македонските Евреи

Еврејската заедница во Македонија денеска ќе одбележи 82 години од холокаустот на македонските Евреи.

Со полагање цвеќе пред Споменикот на 7.144 депортирани македонски Евреи, денеска во скопски Монопол ќе се одбележи 82-годишнината од холокаустот. Потоа продолжува на градските гробишта Бутел, каде ќе се положи цвеќе пред Споменикот на депортираните Евреи.

На 11 март 1943 година Евреите од Битола и од Штип биле собрани од нивните домови и затворени во Монополот – фабриката за тутун во Скопје, по што следела депортација во логорот на смртта во Треблинка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот