
Деми Ловато за врските со постари мажи: Беше одвратно, завршив со тоа
Пејачката Деми Ловато (31) откри дека нејзината љубовна врска со Џордан Лутес (32) оди во добра насока, откако ги надминала проблемите поради кои ја привлекувале многу постари мажи во минатото.
Препорачано
Пејачката, која претходно беше во љубовна врска со актерот Вилмер Валдерама (43), и покрај возрасната разлика од 12 години, ги опишала своите минати врски со постари мажи како „одвратни“ за време на гостувањето во една емисија.
„Можам со сигурност да кажам дека повеќе ги немам тие проблеми. Постојат неколку знаци кои укажуваат дека сум добро. Сега сум со партнер кој е на моја возраст. Кога ќе се осврнам на минатото, а и на моите врски со многу постари мажи, сметам дека тоа е одвратно“, раскажала Ловато.

Ловато зборувала и за „здравиот“ однос со Лутес и признала дека се надева дека еден ден ќе се омажи и дека ќе има деца со музичарот.
„Ова е партнерство во кое преовладува магнетната привлечност и начинот на кој се смееме заедно… Така е нон-стоп. Мислам дека ако сте нашле некој со кој се чувствувате безбедно, кој ве привлекува толку многу, со кој се смеете постојано, тоа е формулата за навистина одлична врска“, изјави музичарот.

Ловато се поврза со канадскиот уметник, кој напиша неколку песни на нејзиниот албум „Holy Fvck“, додека таа работеше на нова музика минатата година.
Пред него, таа беше во врска со неколку постари мажи, меѓу кои и претходно споменатиот Валдерама, со кој започна врска во 2010 година.
Таа и 43-годишниот актер беа заедно, со паузи и помирувања, шест години. Тие се запознале кога таа имала 17 години, но врската не ја потврдиле до нејзината 18. година.

Околу шест години по нивното раскинување, Ловато ја објави песната „29“, за која обожавателите претпоставија дека е посветена на Валдерама. Иако таа никогаш не ги потврди гласините, таа ги предупреди девојките да бидат внимателни со постарите мажи.
„Ако сте млада девојка и мислите дека е секси или забавно да излегувате со постари мажи, знајте дека тоа не е во ред ако не сте полнолетни“, рече таа во интервју во август 2022 година.