Делегација на ДУИ предводена од Арбр Адеми положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев

На годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, делегација на Демократската унија за интеграција положи венец на почивалиштето на Делчев во црквата „Свети Спас“. Потпретседателот на интегративците, Арбер Адеми порача дека денеска треба да се слави визијата на Делчев за еднаквост и соживот.

„Денес, секако, треба да се истакне идејата за делчевизмот е идеологија која деновиве ѝ е повеќе од потребна на Република Македонија, односно меѓусебно почитување, соживот, еднаквост, но и соработка и меѓукултурно збогатување меѓу етничките заедници. овде во земјата, треба да послужи како темели за градење на заедничка иднина. Затоа евентуалните дивергенции што ги имаме денес во општеството не треба да постојат, тие разлики, различностите што ги имаме да не служат како поделби“, рече Адеми во изјава за медиумите.

Прашан за коментар на изјавата на претседателот на СДСМ дека нема да коалицираат со ДУИ, Адеми рече дека партијата имала соопштение и остануваат на тој став, нагласувајќи дека тие секогаш имаат партнерство со граѓаните.

-Ние секогаш сме имале партнерство со граѓаните, така што го продолжуваме тоа партнерство со граѓаните и како и секогаш ДУИ и Европскиот фронт ќе бидат најголемите победници на локалните избори, изјави Адеми на одбележувањето на 153-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот