Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Делчевец со „бмв“ излетал од пат, тешко повредени двајца малолетни сопатници

Триесет и осумгодишен маж со „бмв“ излетал од пат во Делчево по што биле тешко повредени и двајца малоетни сопатници.

„Вчера во 19.51 часот во ОВР Делчево било пријавено дека на ул.„Индустриска“ во Делчево, патничко возило „бмв“ со бугарски национални ознаки, управувано од М.П.(38) од Делчево, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и двајца малолетни сопатници, констатирани во Клиничката болница Штип“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот