Работници носат пакети со гласачки ливчиња за дистрибуција до избирачките места - Фотографија ЕПА, Маст Ирхам

„Декспрес“ е првата курирска служба во регионот каде што роботи ги сортираат пакетите

Компанијата „Декспрес“ е првата курирска служба која воведе роботи во процесот на сортирање на пратки и го зголеми капацитетот за избор на пакети за над 50 проценти. „Декспрес“, која работи во рамките на „Јунајтед груп“, ја воведе најновата технологија што ја нема ниту една курирска услуга во Србија и го постигна стандардот за пратки за е-трговија што ги користат познатите меѓународни компании „Aмазон“ и „Aли Експрес“, објави Нова рс. Директорот на компанијата „Декспрес“, Никола Ризниќ, вели дека роботите сега можат да обработат 2.500 пратки за е-трговија за само еден час.

„Најновата технологија со роботи ни помага прецизно да скенираме и обработиме зголемен број пратки, што ќе го зголеми нивото на ефикасност и брзина за 50 проценти. Роботите се движат по најбрзите патеки од моментот на товарење на пакетот до истовар, а се надгледувани од четворица работници. Ова е огромен чекор напред за развојот на нашата курирска услуга, која по сите параметри на успех долго време е најдобра во регионот“.

Во моментов, во магацините на „Декспрес“, околу платформата се движат 42 роботи во 62 дефинирани области каде што ги сортираат пратките.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот