Децата ќе учат да пливаат со Еуролинк осигурување

Четврта година по ред Еуролинк осигурување во рамките на платформата за Kорпоративнa општествена одговорност „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“  ја организира добропознатата пливачка школа за деца на возраст од 8 до 12 години. Оваа година се организираат школи за пливање во Скопје, Кавадарци и Пробиштип под раководство на тимот на проф. д-р Наташа Мешковска по програмата преземена од УССВИМ (Американска програма за обука на деца непливачи), која гарантира дека за 8 до 10 часа секое дете ќе ги совлада основните техники по пливање.

Пријавувањето за летните пливачки школи ќе се одвива по следниот распоред:

Скопје, од 7.6.2019 до 14.6.2019 година;

Кавадарци, од 18.6.2019 до 25.6.2019 година;

Пробиштип, од 27.6.2019 до 3.7.2019 година.

Летните пливачки школи започнуваат:

Скопје – Спортски центар „Борис Трајковски“, прв час на 17.6.2019, последен час на 26.6.2019, секој ден од 11:00 часот до 12:00 часот;

Кавадарци – „Градски базен“, прв час на 1.7.2019, последен час на 8.7.2019, секој ден од 10:00 до 11:00 часот;

Пробиштип – „Аква Парк“, прв час на 9.7.2019, последен час на 16.7.2019, секој ден од 10:00 до 11:00 часот.

Родителите може да ги пријават своите деца со испраќање порака на следната електронска адреса: [email protected], со испраќање на следниве податоци: име и презиме на детето, возраст, висина, тежина, име и презиме на родителот, контакт-телефон на родителот.

Селекцијата на пријавените кандидати за Скопје, Кавадарци и Пробиштип ќе се одржи на првиот час и ќе ја врши стручен тим под раководство на проф. д-р Наташа Мешковска, која ќе избере 50 деца за учество во пливачката школа во Скопје и по 40 деца за учество во пливачките школи во Кавадарци и Пробиштип. Критериумот за селекција е секое пријавено дете да може да исплива 25 метри, со помош на пливачко помагало – пловка.

На избраните кандидати во пливачките школи ќе им бидат обезбедени пешкири, капи и пливачки помагала. Останатиот дел од опремата, костими за капење, очила за пливање и папучи, родителите ќе треба сами да ги набават задолжително во сина боја.

Летната пливачка школа на Еуролинк осигурување е активност во рамки на платформата за Корпоративна општествена одговорност „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“, преку која годишно се реализираат повеќе проекти од областа на образованието, културата и уметноста во Република Северна Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!