Собрание / Фото Слободен печат / Драган Митрески

Дебата во Собрание за именување на заменици министри

Собранието денеска треба да ја продолжи 104-тата седница со дебата по четвртата точка на дневниот ред – Предлог за именување на заменици министри во Владата.

Пратениците ќе ја продолжат вчера започнатата расправа за избор на замениците министри за одбрана Тирон Јајага, за правда Викторија Аврамовска Мадиќ, за земјоделство, шумарство и водостопанство Вјолца Бериша, за здравство Маја Манолева и за образование и наука Агим Нухиу.

Премиерот Димитар Ковачевски во својство на предлагач на земниците министри во неговото излагање на почетокот на вчерашната расправа нагласи дека со нивниот избор ќе се комплетира целосно новиот состав на Владата.

Во новиот состав на Владата во понеделникот беа избрани четири нови министри – Кренар Лога, за министер кој раководи со Министерството за правда, Фатмир Меџити министер за здравство, Азир Алиу, раководи со Министерството за информатичко општество и администрација и Каја Шукова министерка за животна средина и просторно планирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!