Честитка од Муфтиството на Дебар - Фотографија Фејсбук

Дебарското муфтиство и градоначалниците го честитаат почетокот на Рамазан

Во пресрет на утрешниот ден, кој го означува почетокот на светиот месец Рамазан, дебарското муфтиство, кое ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше, и градоначалниците на трите општини, го честитаа почетокот на светиот месец со желби за прифатени пости и молитви.

– Првиот ден на постот ќе започне на 11 март (понеделник). На сите верници им посакуваме добро здравје и прифатени пости од Севишниот Аллах. Нека ви е честит и мубарек месец Рамазан – објави муфтиството преку Фејсбук.

Со истите желби светиот месец го честитаа и градоначалниците на Дебар, Маврово и Ростуше и на Центар Жупа.

– Ви посакувам светиот месец Рамазан да помине во побожност, мир и солидарност. Им честитам на сите што постат, возвишениот Бог да им ги прифати делата што тој ги проповеда – порача градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука.

Градоначалникот на општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски, посака „месец со духовно исполнување, солидарност, меѓусебно почитување и заедништво меѓу луѓето“. Градоначалникот на Центар Жупа, Аријан Ибраим посака „добар пост и благословен Рамазан полн со светлина и мир“.

По едономесечниот пост, првиот ден на празникот Рамазан Бајрам е на 10 април. Овој голем муслимански празник се слави три дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот