
Де ла Фуенте: Не е нормално европски шампион да нема нов договор
Селекторот на фудбалската репрезентација на Шпанија, Луис де ла Фуенте, изрази жалење што сѐ уште никој од федерацијата не му понудил нов договор и покрај освоената титула на Европското првенство 2024. Селекторот останува под договор со младинската репрезентација.
Препорачано
Тој сѐ уште е на плата од 600.000 евра, а се шпекулираше дека ќе добие три пати поголема сума. Поминаа месеци, сега го плашат лажните ветувања.
– Не е нормално европскиот шампион да нема нов договор. Не знам дали истото би се случило и со Луис Енрике… Имав понуди, што е нормално со оглед дека сум актуелен европски првак. Не знам дали некогаш се случило вакво нешто во историјата, јас ги имам истите услови како кога бев промовиран од репрезентацијата до 21 година. Би било фер ако веќе потпишав нов договор – изјави Луис де ла Фуенте за Kadena SER и продолжи:
– Би сакал тоа да се реши за доброто на шпанскиот фудбал. Да донесе мир и стабилност. Разбирам дека има стравови и сомнежи за мојот договор. Немам ништо против да чекам да дојде друг претседател, но изборниот процес може да се одложи до декември. Ова мора да се реши пред крајот на годината – вели Де ла Фуенте.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
23мин
-
50мин
-
1час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5