
Давос очекува рекордна посетеност на Светскиот економски форум
„Сите западнавме во некаква криза“, рече директорот на Светскиот економски форум, Клаус Шваб на конференцијата посветена на украинската војна, климатските промени и наизменичните проблеми во снабдувањето со енергија и храна, објави Ројтерс.
Препорачано
Поради пандемијата на Ковид, лидерите последен пат се собраа во 2020 година во јануари. Пред две години настанот се одржуваше виртуелно, а минатата година беше поместен за мај поради зголемувањето на бројот на пациенти.
„Давос треба да помогне да се промени начинот на размислување по пандемијата“, рече Шваб.
Иако нема да има Руси, организаторите најавија дека ќе има рекорден број учесници, дека ќе доаѓаат гости од целиот свет и дека од кинеската делегација има очекувања на „високо ниво“.
Во Давос ќе има 52 шефови на држави, 56 министри за финансии, 19 гувернери на централни банки, 30 министри за трговија и 35 министри за надворешни работи. Во швајцарскиот зимски центар ќе бидат и шефовите на Обединетите нации, Меѓународниот монетарен фонд и Светската трговска организација … Организаторот најави дека Украина, која минатата година беше најважниот член на Форумот, повторно ќе испрати висока делегација, пренесува Танјуг.