Сиљановска Давкова - Бегај / Фото: Фејсбук

Давкова го поздрави отворањето на претпоследниот кластер во преговорите на Албанија со ЕУ

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на состанокот на земјите учеснички во „Процесот Брдо-Бриони“, се сретна со албанскиот колега, Бајрам Бегај, на којашто го поздравила напредокот на земјата во процесот на интеграцијата во ЕУ и отворањето на петтиот од вкупно шесте кластери.

Како што соопштија од кабинетот на претседателката, Бегај истакнал дека дел од земјите членки на Унијата сакаат многу брзо да го видат регионот во рамките на ЕУ и изразил подготвеност за помош и поддршка во процесот на македонската евроинтеграција.

– Обајцата ја повторивме потребата од негувањето на меѓусебното партнерство на мултилатерален план и се согласивме дека треба да се прошири и продлабочи соработката на сите полиња – порача Давкова.

Одобрен стартот на преговорите за членство на Албанија во ЕУ по кластери

Албанија ги почна преговорите со ЕУ во октомври минатата година.

– Албанија ќе биде првата меѓу земјите кандидати за членство што ќе ги отвори пристапните преговори според ревидираната методологија за проширување, што ќе биде клучен момент за оваа земја од Западниот Балкан – соопшти тогаш унгарското претседателство со Европската Унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот