
Давид Силва ќе добие статуа пред стадионот на Манчестер сити
Англискиот тим одлучи да му се оддолжи на Силва со тоа што ќе постави негова статуа пред стадионот „Етихад“ како и мозаик во комплексот на Академијата.
Давид Силва по десет години во англискиот тим, летово одлучи да си замине од Манчестер сити со кого освои четири титули во Премиер лигата. Шпанецот по заминувањето на Венсан Компани минатото лето, ја доби и капитенската лента, но поразот од Олимпик Лион во четвртфиналето од ЛШ значеше и крај на неговата кариера во Манчестер сити.
Препорачано
„Десетгодишната блескава кариера на Давид Силва ќе биде овековечена со негова статуа пред „Етихад“ стадионо. Силва за неговата одлука да си замине го извести претседателот на клубот Халдун ал Мубарак во приватен разговор по неговиот последен настап во Премиер лигата против Норич. Мозаик покрај теренот за тренинг во Академијата исто така ќе биде посветен на Давид Силва“, објави Манчестер сити.
Glittering Silva-ware ?
An incredible contribution from one of the Club’s greatest-ever players ?
Gracias, @21LVA!
? #ManCity | https://t.co/axa0klD5re pic.twitter.com/BVz7sC5cXl
— Manchester City (@ManCity) August 17, 2020
Шпанецот по заминувањето од англискиот тим се наоѓа во дилема, дали да се врати во татковината и да потпише за Валенсија или да ја прифати подобрата понуда од Лацио и наредната сезона повторно да игра во Лигата на шампионите.