
Даути, Снопче или Рашиди: Кој ќе биде новиот координатор на пратеничката група на АA?
Откако партијата Алтернатива на Африм Гаши го дефинираше новото политичко патување, надвор од сегашната коалиција со Алијанса за Албанците (АA) на Зијадин Села, оваа партија набрзо ќе формира пратеничка група во Собранието без Алтернатива, дознава „Слободен печат“ од високи извори во партијата на Села.
Препорачано
Според истите извори, изборот на новиот координатор на пратеничката група на АА ќе го избираат самите пратеници во консултации меѓу нив, додека најспомнувани имиња кои ќе ја заземат оваа позиција се пратениците Илирие Даути, Халил Снопче и Сурија Рашиди.
Оваа информација за „Слободен печат“ ја потврди и генералниот секретарот на АА, Арбен Таравари.
– Се надевам дека наскоро Алијансата за Албанците ќе донесе одлука за избор на нов шеф на нашата пратеничка група. Верувам дека нашите пратеници тоа ќе го направат во меѓусебна координација, изјави Таравари.
Пред Алтернативата на Африм Гаши да започне разговори со лидерот на СДСМ Зоран Заев за приклучување кон новото парламентарно мнозинство, четворицата пратеници на неговата партија, заедно со осуммината од АА имаа заедничка пратеничка група, а координатор беше пратеникот Скендер Реџепи од редовите на Алтернатива.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
5час
-
5час
-
5час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5