Фото: Denver Nuggets

Дарвин Хем пред финалето: Како против Јокиќ? Ќе го киднапираме…

Во ноќта која е пред нас следи финалето на Западната конференција во кое ќе се се сретнат Лос Анџелес Лејкерс и Денвер.

Денвер има предност на домашниот терен и таа би можела да биде драгоцена, посебно ако во првите два натпревари не ѝм дозволат на Лејкерс да направат брејк. Секако на сите им е јасно дека најголема закана за Лејкерс е српскиот кошаркар Никола Јокиќ.

Стратегот на Лејкерс, Дарвин Хем за кого ова е прва сезона во улога на главен тренер даде интересна изјава пред овој дуел.

„Како ќе го запреме Јокиќ? Ќе се обидеме да го киднапираме кога ќе излегува од дома“, низ шега прокоментира Хем.

Јокиќ игра импресивно во плеј-офот и просечно бележи 30.7 поени, 12.8 скокови и 9.7 асистенции, на спротивната страна одличен е Ентони Дејвис со просек од 21.1 поен, 14.1 скок и 3.3 блокади.

„Сите знаеме колку Јокиќ е добар. Ентони Дејвис ќе започне на него, но имаме неколку момци кoи ќе бидат во акција против него. Едноставно ќе се обидеме секогаш да бидеме блиску до него и да го исфрлиме од рамнотежа“, порача Хем.

Леброн Џејмс смета дека Денвер е поискусна екипа во однос на натпреварот кога во оваа фаза се сретнаа во 2020 година.

„Сега се поискусни. Со секој натпревар, припреми…растете како клуб и како тим. Токму тоа тие го направија, подобри се од тогаш и влегуваме во натпреварот со максимална почит. Не е случајност тоа што беа први на Западот, цела сезона играа фантастична кошарка“, порача „кралот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот