Данската принцеза Мери се откажала од верата и стариот живот поради љубовта: Таа е една од најобразованите дами во кралското семејство!

Мери Елизабет Доналдсон е родена на 5 февруари 1972 година во Хобарт, Австралија. Таа најмлада од четири деца на шкотскиот професор по математика Џон Доналдсон и секретарката на факултетот „Henriette Clark Donaldson’s“.

Нејзините родители емигрирале од Единбург на почетокот од 60-те, а австралијанското државјанство го добиле веќе во 1975 година.

Како врвен спортист таа била една од најпознатите ученички во својата генерација во средно училиште, била дури и капитен на женскиот хокеј тим, како и на пливачкиот тим, а одлично ѝ одело и јавањето. Покрај сето тоа таа се занимавала и со музика, па денес свири клавир, флута и кларинет.

Своето образование го продолжила на факултетот „Hobart Matriculation“ на кој играла за кошаркарскиот тим, а потоа на Универзитетот во Тасманија во 1994 година дипломирала трговина и право.

После дипломирањето за неа започнал нов живот со селењето во Мелбурн, каде прифатила работа во интернационална агенција за огласување, после кое нејзината кариера доживеала пресврт во односите со јавноста, за на крај да стане консултант за „Microsoft Business Solutions“ во Данска.

Пред да отпатува во Данска и да ја прифати новата работа, нејзиниот живот се променил кога во хотелското кафуле во Сиднеј за време на Олимписките игри 2000-та година, запознала младо момче кое се претставило како Фред.

Во кафулето пристигнале секој со свое друштво, а ги запознал внукот на шпанскиот крал Бруно Гомез Асебо. До крајот на вечерта Мери и Фредрик биле долку внесени во разговорот што не приметувале никој друг околу себе.

„Нашата прва средба беше едноставна. Немав поима дека тој е дански принц. Половина час подоцна некој ми пријде и ме праша дали воопшто знам кои се тие луѓе“, се присетила данската принцеза. Тие во април 2003 година и официјално ја признале врската.

„Фредерик е еден од оние луѓе во чие друштво се чувствувам среќно. Неговата интелегенција, добрина и духовитост беа пресудни“, признала Мери.

Нивната љубовна врска за јавноста ја потврдила данската кралица Маргарет, а сето тоа ги поттикнало гласините за нивната можна веридба. Шест месеци подоцна палатата најавила дека кралската венчавка ќе се оддржи наредната пролет. Фредерик на својата избраничка ѝ подарил прстен со дијамант и рубини, чии бои одговараат на данското знаме.

Покрај тоа што морала да исполни многу барања за да пристапи кон данското кралско семејство, Мери не размислувала ниту еден момент.

Пред венчавката морала да се откаже од австралиското државјанство, како и од верата и пристапи кон данската евангелистичка црква. Таа морала да научи дански јазик, како и однапред да се откаже од старателството над нивните идни деца во случај на развод.

Прекрасната бринета на 14 мај 2004 година со насмевка на лицето тргнала кон олтарот и својот принц, а нејзината венчаница била спој на австралиското наследство и историјата на семејството чиј член станала.

Фустанот бил дизајниран од страна на данската креаторка Уфе Френк и со неа искомбинирала вел кој на својата венчавка во далечната 1905 година, го носела шведската принцеза Маргарет.

Првото дете, принцот Кристијан Валдемар Хенри Џон, го добиле во 2005 година, а две години подоцна ја добиле и принцезата Изабела Хенриета Ингрид Маргарет. Три години подоцна палатата потврдила уште една среќна вест, откривајќи дека Мери е повторно бремена и дека овој пат чека близнаци, а тие пристигнале на овој свет во 2011 година.

Откако станала принцеза, но и идна кралица на Данска, Мери се посветила на хуманитарната работа. Во септември 2007 година таа основала своја фондација која ја нарекла „Mary Foundation“, во која пристигаат пари од приватни и јавни донатори.

Поради сето тоа, но и поради убавината и неодоливиот шарм, данската принцеза Мери се стекнала со огромна популарност, а луѓето на Данска едвај чекаат таа да стане новата кралица.

Принцезата насловните страници, покрај хуманитарната работа и службените парувања, најчесто ги полни и благодарение на своите модни комбинации, поради кои се најде на престижните листи за најдобро облечени жени во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот