Данската кралица Мери / Фото: EPA-EFE/IDA MARIE ODGAARD DENMARK OUT

Данската кралица Мери принудена да ги откаже сите јавни ангажмани поради неочекувана болест

Данското кралско семејство објави дека кралицата Мери е принудена да ги откаже сите претстојни кралски ангажмани, поради неочекувана болест, што предизвика загриженост кај данските граѓани, пренесуваат странските медиуми.

Кралицата Мери, родена во Австралија, требаше да присуствува на настан организиран од данското здружение „Заедно за срце“ во Копенхаген оваа среда, како и на настан организиран од фондацијата што го носи нејзиното име, но сè е откажано.

„Нејзиното височество кралицата, како и многу други во моментов, се разболе, и затоа, за жал, не може да учествува на церемонијата на доделување награди на здружението ‘Заедно за срце’“, се вели во официјалното соопштение од Одделот за комуникации на данската кралска куќа.

Кралицата се огласи и на официјалниот инстаграм-профил на кралското семејство за да ја изрази својата благодарност за поддршката што ја доби.

„Ви благодариме за грижата“, напишала таа покрај фотографијата од букет цвеќе и честитки за здравување што ѝ ги испратија близначките Алма и Елен, кои ги запозна на неодамнешната церемонија на доделување награди.

„Какво прекрасно изненадување да го добијам овој букет и цртежи, иако болеста ме спречи да учествувам на настанот. Со нетрпение очекував да ја доделам наградата за срце заедно со децата со срцеви заболувања, Алма и Елен“, додала кралицата.

Како покровител на данското здружение за срце, кралицата Мери му честиташе на здравствениот персонал во трите најголеми дански клиники за педијатриска кардиологија за добивањето на наградата за срце за 2025 година.

Сето ова е многу чудно, бидејќи од неодамнешните појавувања на кралицата Мери не можеше да се заклучи дека таа има некакви здравствени проблеми. Последен пат беше фотографирана за време на официјалната посета на Финска, каде беше со кралот Фредерик, а на почетокот на февруари ненадејно и ненајавено ја посети родната Австралија.

Палатата не откри за каква болест станува збор или колку долго кралицата ќе отсуствува од кралските должности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот