Фото: Pexels / Dennis Leinarts

Дали знаете што е „синдром на добра девојка“? Може да има негативно влијание врз здравјето на жените

Дали сте личност која секогаш ги става потребите на другите пред вашите? Дали ви е тешко да кажете „не“? Дали се плашите дека луѓето би можеле да ви се налутат? Дали секогаш имате непријатно чувство во стомакот?

Ако одговоривте со „да“ на сите овие прашања, можеби страдате од „синдром на добра девојка“, тврди терапевтката Дајан Ланге, чија последна книга „Достојно“ им помага на жените да се ослободат од чувствата на недостојност и шаблони кои вклучуваат задоволување на другите.

Според Ланге, овој синдром не е само психолошки проблем – може да предизвика и физички симптоми. Многу жени страдаат од овој синдром, пренесува „Њујорк пост“.

„Многу од нас се воспитувани да бидат негуватели, да бидат тивки и да се погрижат сите околу нас да се среќни“, изјавила таа.

Ланге, која и самата има тенденција да им угодува на другите, добро ги знае психолошките симптоми на синдромот на добра девојка, кои вклучуваат недостаток на граници, страв од конфликт и изразување на сопственото мислење, перфекционизам и постојана желба да ги ставиме другите пред себе затоа што веруваме дека тие се поважни од нас.

„Сепак, она што многумина не го сфаќаат е дека ова изнемоштено однесување кое предизвикува анксиозност може да има и физички последици, како што се стомачни проблеми, главоболки, несоница и промени во апетитот, објаснила Ланге.

Ако мислите дека вие или некој што го сакате има „синдром на добра девојка“, добрата вест е дека постои излез. Според Ланге, првиот чекор е да признаете дека го имате овој проблем, што вклучува постигнување самосвест за сопственото однесување.

„Научете да поставувате граници и почнете да ги спроведувате, што вклучува учење да кажете „не“ и да се грижите за себе“, советувала Ланге.

Таа потоа препорачува да започнете со мали чекори кога станува збор за грижата за себе – тоа може да биде едноставно како да си легнете порано, да јадете поздраво или да одите на прошетка. Вклучувањето на техники на внимателност, исто така, може да помогне да се намали стресот и да се постигне самосвест.

Ланге претпочита пишување дневник како форма на самопомош: „Сакам утринско пишување, запишувам сè што ми паѓа на ум наутро. Нема судење, нема проверка на правописот“.

Таа предупредува дека промените нема да бидат лесни.

„Посветувањето на промена на однесувањето ќе биде страшно. Промената е страшна. Вашите промени, како да кажете ‘не’ и да поставувате граници, ќе влијаат на другите, затоа бидете подготвени луѓето да бидат лути или односите да се променат. Тоа е знак дека работите на себе“, рекла таа.

„Процесот на закрепнување може да биде болен, но слободата е вредна за трудот“, заклучила Ланге.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот