
Дали зетот на Орбан ќе ја преземе Рајфајзен банк интернешнл (РБИ)?
Додека РБИ продолжува да тврди дека работи на намалување на своите активности во Русија и на одделување на својата руска ќерка-банка, геополитичките промени, вклучувајќи ја и можноста за намалување на санкциите под потенцијалната администрација на Доналд Трамп, може да ги променат условите за продажбата
Иштван Тиборц, еден од најбогатите луѓе во Унгарија и многу контроверзна личност, се појавува во центарот на шпекулациите поврзани со продажбата на Рајфајзен банк интернешнл (РБИ), руска „ќерка-банка“ на австриската Рајфајзен банк. Иако РБИ не ги негира гласините, банката нагласува дека продажбата на својата руска „ќерка-банка“ моментално е предмет на судска истрага.
Препорачано
РБИ со години се обидува да ја продаде или да се оддели од својата руска „ќерка-банка“, a Рајфајзен банк e под голем притисок од Европската централна банка (ЕЦБ) и американските власти. Сепак, продажбата е отежната поради санкциите и судската забрана за продажба од септември минатата година, која произлезе од правен спор со фирма поврзана со рускиот олигарх Олег Дерипаска, како што неколку пати пишуваше „Слободен печат“.
Според извори, се воделе сериозни разговори меѓу РБИ и Тиборц, со вклученост на претставници на руската централна банка и администрацијата на рускиот претседател Владимир Путин. Овие разговори биле иницирани од руската централна банка, што укажува на можностa дека Москва сака да ги контролира условите на продажбата.
Во управниот одбор на РБИ во Виена, предводен од Ервин Хамеседер, се дискутирало за можната продажба на Тиборц.
Оваа можност предизвикала дебати, бидејќи РБИ е најголемата западна банка која сè уште работи во Русија, а продажбата на таква важна институција на семејството на унгарскиот премиер би била контроверзна.
Иштван Тиборц, познат како „зетот на нацијата“ во Унгарија, е сопственик на неколку компании, вклучувајќи ја и унгарската онлајн банка „Гранит банка“ и групата „БДПСТ“, која управува со хотели и недвижности во неколку земји. Сепак, тој е и предмет на бројни обвиненија за корупција, вклучувајќи и истрага од страна на европската антикорупциска агенција ОЛАФ .
Иако РБИ и Тиборц формално ги негираат гласините, нивните одговори остануваат нејасни и негирањата не се целосни. РБИ нагласува дека не може да ги пренесе своите акции во AO „Рајфајзен банка“ поради судската забрана, додека Тиборц тврди дека не е заинтересиран за преземање на банката и дека неговите бизниси не се фокусирани на Русија.
Сепак, унгарските медиуми сугерираат дека Тиборц има бизнис врски со рускиот олигарх Мегдет Рахимкулов, кој е близу до Путин и има соработувано со Тиборц во минатото.
Ова може да значи дека продажбата на контроверзна личност како Тиборц може да стане невозможна.