Фото: Профимедиа

Дали светот ќе ја прифати „технологијата на тоалет“ што се користи во Јапонија веќе 40 години?

Видот на тоалет кој е популарен во Европа и САД немал значителна „конкуренција“ во последните 100 години, но наскоро може да дојде до „шок“ од Јапонија. Како што пишува Економист, Тото, која прави „паметни тоалети“, кои вклучуваат насочени млазови вода и воздух, загреани седишта и дезодоранси, сака да се пробие на западните пазари. Тие почнаа да се продаваат во Јапонија во 1980 година, а нивните електронски тоалети се речиси норма во голем број хотели и домови во оваа земја. Во однос на извозот, Тото ги продаваше своите паметни тоалети најмногу во Кина, но и таму падна продажбата, поради што почнаа да бараат нови пазари за да ги заменат тие загуби.

Дополнително, оваа компанија имаше релативно лоша 2024 година, односно третиот квартал од оваа година. Падот на очекуваните приходи во овој квартал од 750 на 730 милијарди јени доведе до пад на цената на акциите од дури 13 отсто. Како што понатаму пишува „Економист“, најголемиот проблем што го има Тото во САД е струјата, односно фактот што повеќето домови во оваа земја немаат извор на струја во близина на тоалетот, што е голем проблем за поставување електрични тоалети. Сепак, по пандемијата на вирусот ковид-19, во САД, како и во остатокот од западниот свет, постои поголем интерес за лична хигиена. Исто така, голем број Американци ја посетуваат Јапонија и многумина се враќаат со позитивни искуства со паметните тоалети, пренесува Кликс.ба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот