Profimedia

Најкраткиот расказ на светот има само шест збора, а го напишал славниот Хемингвеј

Писателот Ернест Хемингвеј, додека сè уште бил млад, бил во друштво на колеги писатели во ресторан на Менхетен, според едни, односно во хотелот „Алгонквин“ во Њујорк, според други. Хемингвеј на своите колеги и пријатели им рекол дека може да напише приказна со само 6 збора.

Присутните не верувале, па решиле да се обложат дека нема да може да го направи тоа, да напише вистинска приказна со само 6 збора.

Секој ставил по 10 долари влог.

Хемингвеј земал салфетка од масата и на неа напишал шест збора.

Не ги прочитал на глас, туку им ја дал на другите да ја прочитаат. Кога салфетката поминала низ целата маса, сите се согласиле дека 6 збора се апсолутно доволно за да се напише приказна.

На продажба. Бебешки чевли. Неносени.

Иако не постои цврст доказ дека токму Хемингвеј е автор на овие зборови, анегдотата за најкраткиот расказ продолжува да се прераскажува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!