
Дали Охрид е најдобриот ресорт на Балканот?
Охрид и Охридското Езеро се едни од најубавите места на Балканот. Охридското Езеро е вистинска туристичка атракција, па не е ни чудо што го посетуваат туристи од целиот свет.
Препорачано
Често е летна дестинација за голем број граѓани од Србија. Природната убавина, големиот избор на плажи и ниските цени се само дел од причините да го посетите овој бисер на Македонија. Охрид е оддалечен околу 600 километри од Белград, што е релативно блиску доколку не правите долги паузи за време на патувањето. Охридското Езеро е вистинска атракција, особено во топлите летни денови. Најпознати плажи на Охридското Езеро се: Градиште, Немо и Лагадин, а најпогодна за сите оние кои го сакаат мирот е Свети Наум. Како што веќе споменавме, цените за сместување се многу прифатливи, стои во репортажата на Блиц, која ја објави Каматица.
Цените за сместување почнуваат од 20 евра, за поедноставните соби, па сè до 100 или 200 евра за најлуксузните опции. Во рестораните во Охрид, генерално, цените се пониски за 35,8 отсто од оние во Белград. На пример, кафето чини 1,77 евра, а сокот чини околу 1,49 евра.
Цените на храната во слободната трговија во Охрид се за околу 15,9 отсто пониски отколку во Белград. На пример, литар млеко чини 1,13 евра, сирењето чини 4,48 евра за килограм, пилешкото филе чини 6,90 евра за килограм.
Возење со брод по Охридското Езеро е 10 евра. Охридското Езеро се наоѓа во југозападниот дел на Северна Македонија и во источниот дел на Албанија. Познато е по кристално чистата вода. Водата е проѕирна, а езерото од сите страни е опкружено со планини. Ова место е центар на туризмот во Македонија. Благодарение на извонредната природна убавина, богатото историско и културно наследство, Охрид е дел од светското културно наследство на УНЕСКО од 1979 година, рапортира Каматица.