Трамп и Нетанјаху во Белата куќа / април 2025 г. / Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Дали Америка влегува во војна со Иран?

Не е јасно каква улога ќе имаат САД во тековниот конфликт меѓу Иран и Израел, но прашање е колкава моќ има претседателот Доналд Трамп да одлучува дали САД ќе се приклучат во борбите, објави денеска Би-би-си.

Според американскиот закон, американскиот претседател нема единствено овластување формално да и објави војна на друга земја, туку тоа може да го сторат само Конгресот – пратениците избрани во Претставничкиот дом и Сенатот.

Меѓутоа, американскиот закон наведува и дека американскиот претседател е врховен командант на вооружените сили, што значи дека може да распореди американски војници и да спроведува воени операции без формално објавување војна.

На пример, одлуката на Трамп да започне воздушни напади во Сирија во 2017 година против режимот на тогашниот претседател Башар ал-Асад не бараше одобрение од Конгресот.

Наместо тоа, Трамп дејствуваше еднострано во тоа време, наведувајќи хуманитарни и национални безбедносни причини.

Некои пратеници во моментов се обидуваат да ја ограничат способноста на Трамп да нареди американски воздушни напади врз Иран.

Во тој напор, републиканскиот претставник од Кентаки, Томас Маси, вчера се заложи за блокирање на таков потег без овластување.

„Ова не е наша војна. Дури и да беше, Конгресот мора да одлучува за такви прашања во согласност со нашиот Устав“, напиша Маси на мрежата X.

Трамп размислува да му се придружи на Израел во нападите врз подземните нуклеарни постројки на Иран, објави Си-би-ес Њуз, додека двете земји влегоа во шестиот ден од борбите.

Американскиот претседател синоќа го повика Иран на „безусловно предавање“ и рече дека знае каде се крие врховниот лидер на земјата, но дека „засега нема да го убие“.

Трамп синоќа одржа итен состанок во собата за вонредни ситуации во Белата куќа, кој траеше час и 20 минути, за да разговара дали САД треба да му се придружат на Израел во нападот на иранските нуклеарни постројки, но немаше целосен договор меѓу најблиските советници на Трамп, според Си-би-ес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!